Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБугарија со челична ограда ќе се штити од мигрантите

Бугарија со челична ограда ќе се штити од мигрантите

Бугарија донесе одлука да ги штити своите граници од мигрантите.

Имено, земјата конструирала челична ограда ограда која ќе биде поставена долж целата граница, а од власта истакнале дека оградата ќе биде недопирлива.
Бугарскиот шеф на граничната полиција Иван Стојанов изјави дека нивните операции запреле повеќе од 500 мигранти кои минатиот месец се обидувале да влезат во земјата.
-Половина беа уапсени од нашите турски колеги, а половина беа вратени. Целта на мигрантите не е Бугарија. Тие не користат само како транзит за да стигнат до Британија или некои други поразвиени земји, рече Стојанов.
Тој додал  дека инфрацрвените камери кои детектираат движења на тела, ќе ги спречат мајките кои навечер се обидуваат да ги прошверцуваат децата,
Оградата е под стража во текот на 24 часа, а вооружени стражари  се стационирани на стратеки точки во должина од цели 80 километри на оградата.