Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБугарија ќе се заштитува со 1.000 војници на границата со Турција

Бугарија ќе се заштитува со 1.000 војници на границата со Турција

Големиот наплив на бегалци ја натера и Бугарија да преземе мерки во врска со овој проблем. Поради тоа, Министерството за внатрешни работи на земјата денеска започна со распоредувањето на 1.000 војнивци долж границата со Турција.

Вчера околу 600 бегалци се обиделе да навлезат во Бугарија преку Турција, но се откажале од намерата по увидот на границата која била добро чувана.


„Изминатите неколку дена дојде до промена на ситуацијата и тешко е да се предвиди каде ќе се насочи бранот бегалци, затоа сме подготвени“, изјави бугарскиот министер за одбрана Николај Ненчев за радио БНР.