Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБугарија ќе и помогне на Македонија на патот кон НАТО

Бугарија ќе и помогне на Македонија на патот кон НАТО

Зајакнувањето на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија се од полза не само за двете земји, туку и за регионот и за цела Европа, оценија министерката за одбрана Радмила Шекеринска и и нејзиниот бугарски колега, Красимир Каракачанов на работната средба одржана по потпишувањето на Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија.

Шекеринска се се заблагодарила на брзата реакција на бугарската влада која понуди помош во хеликоптери за гасење на пожарите што ја зафатија Македонија. Договорот за помошта бил постигнат на средбата на двајцата премиери Заев и Борисов, а личниот ангажман на министерот Каракачанов овозможил помошта да се реализира веднаш.

Каракачанов на средбата истакнал дека политиката на официјална Софија секогаш била да ја поддржи државната независност на Македонија и го става на располагање своето искуство и контакти за побрз прием на Македонија во ЕУ и НАТО.

– Бугарија сака да ѝ помогне на Македонија. Контактите кои ги создадовме на нашиот пат кон ЕУ и НАТО може да ви бидат многу полезни. Кога Бугарија, Грција, но и Македонија и сите држави од регионот ќе бидат дел од ЕУ, проблемите ќе се решаваат полесно. За приемот на Македонија во НАТО ја нудиме нашата експертиза и совети – рече Каракачанов.