HomeДЕНЕШНАПолитикаБугарија ќе му забрани влез на Миленко, бара истрага и од македонските власти

Бугарија ќе му забрани влез на Миленко, бара истрага и од македонските власти

По низата настани поврзани со одбележувањето на 108 годишнината од бугарско-српската битка на врвот Кајмакчалан, кои годинава започнаа со офицјалното положување на венци од страна на претседателот на Србија Томислав Николиќ, а на кои вчера следуваше и рушење на спомен плочата поставена во мај годинава од страна на бугарската војска, денес со официјална реакција се јави и бугарското министерство за надворешни работи.
milenko-1„Бугарската држава со години наназад вложува напори за заедничко меморијално одбележување на ваквите настани од минатото и соодветно давање почит на гробовите на загинатите војници. Имајќи предвид дека ваквите постапки претставуваат и светска практика, се настојува почитување на историјата и минатото за сите загинати во ваквите воени конфликти. И овој пат нашата желба е за воспоставување мирен заеднички соживот во сегашноста и истата нема никакви политички, национални или верски мотиви.

Властите во Република Македонија пред неколку години се заложија да ги разгледаат ваквите бугарски иницијативи и предлози, но сепак и понатаму сведочиме продолжување на вандализмот. Овие вандалски акти се срамни и необјасниви за општите човечки вредности, како што е почитта кон мртивите и загинатите.

Ги повикуваме властите во Република Македонија да ги истражат и спречат вакви срамни акти, кои не се само изолирани случаи и истите особено влијаат на преговорите меѓу двете држави по однос на потпишувањето на Договорот за добрососедство.

МНР ќе направи се што е возможно, заедно со други институции, да ја обнови спомен плочата. Ќе биде наложена забрана за влез на Бугарија на лицето кое го изврши овој варварски чин“, стои во реакцијата на бугарското МНР, објавено доцна попладнево.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com