HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБуфон добро знае кој е Пандев, очекува одличен дуел со Македонија

Буфон добро знае кој е Пандев, очекува одличен дуел со Македонија

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон како капитен на италијанската фудбалска репрезентација се појави на прес конференцијата во Скопје пред утрешниот дуел со Македонија и посочи што очекува од натрпеварот.
„Добро се подготвивме за Македонија, за дуел на кој влегуваме без потценување. Се работи за екипа која има искуство, на чело со Горан Пандев кого, и тоа како, добро го познавам. Ги гледавме видео снимките од двата натпревари на Македонија со Албанија и со Израел кои може да кажам дека беа незаслужени. Затоа мора да се посветиме на советите на Вентура, да ги исполниме, да одиграме максимално и да ја победиме Македонија“ – рече чуварот на мрежата на Италија, и дополни:

„Македонија е позната по играчите кои имаат индивидуален квалитет и доколку ги послужи среќата, можат да направат позитивен резултат во секое време. Знаеме дека се работи за репрезентација која доживува транзиција во составот. Се сеќавам кога настапив во Македонија со Парма. Македонија после овие 20 години ја гледам како држава со голем натпреварувачки дух. Мислам дека во моментов играат еден одличен фудбал, иако чекаат на резултати. Му посакувам среќа на Пандев на утрешниот натпревар“.

За формата и плановите на италијанската репрезентација Буфон е доста самоуверен иако одредени играчи се здобија со повреди.

„Нервоза во екипата нема, но тажни сме дека недостига Монтоливо. Во два претходни натпревари, Монтоливо беше исвиркан, а оваа негова повреда треба да биде добра лекција за некои неедуцирани навивачи. Во секој случај, одлично се чувствувам во репрезентацијата. Сето тоа ми дава стимул да работам со младите играчи. Убаво е искуството да се најде заеднички јазик и на тренинзите и на натпреварите со далеку помлади фудбалери од тебе“ – истакна Буфон.

Натпреварот против Италија утре се игра од 20:45 часот на Националната арена Филип Втори.

Извор: ekipa.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com