Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБуџаку: Ние не примаме бегалци, но подготвени сме за нов бегалски бран

Буџаку: Ние не примаме бегалци, но подготвени сме за нов бегалски бран

Ние сме декларирани како транзитна земја, ние не примаме бегалци како Германија или Шведска, затоа што на крајот на краиштата нивна цел е да стигнат до Германија. Сепак, спремни сме и да има нов бегалски бран, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Во овој случај, проблемите што може да настанат, може да настанат од наплив на голем број луѓе, може да се смета и како безбедносен проблем здравствен систем, луѓе може да се разболат, имаат друг имунолошки систем, може за жал да се инфилтрираат, и таа опасност ја имаме предвид, разни терористи или организации. Така што, ние сме спремни и со помош на меѓународната заедница, пред сè ОН, УНДП, УНХЦР и со големо залагање, што е за секоја пофалба, од невладините организации што се присутни и им помагаат на бегалците. Ние се справивме, се справуваме и се надевам дека и во иднина ќе се справиме и во случај на помасовен егзодус на бегалците“, вели Буџаку, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.