Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеБуби олдтајмери заблескаа на Боемска улица

Буби олдтајмери заблескаа на Боемска улица

На „Боемска улица“ денеска беше преполно, едни дојдоа да ги покажат своите „Буби“-олдтајмери, други да се потсетат на некои поранешни времиња. По повод Светскиот ден на популарната „Буба“, поради временските услови, денеска, наместо минатата недела, „Буба-клубот Македонија“, на „Боемска улица“ го изложи своето богатство, десетина, како што велат убавици, произведени од 1967 до 1974 година.
buba2
„Боемска улица е убава, потсетува на изминати времиња, на едно убаво наше Скопје, кое сега го нема. Бубата, едно од најпродаваните и најсимпатични возила е симбол на многу генерации. Затоа „Боемска улица“ беше вистинскиот избор за овој настан. претседател на Буба-клубот Македонија, Елвир Садиковиќ, се заблагодари на градоначалниот на Центар за поддршката.
buba6
buba7