Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБубевски: Само во Македонија решението за притвор е неизвршно

Бубевски: Само во Македонија решението за притвор е неизвршно

Обвинителот Гаврил Бубевски од специјалното јавно обвинителство изјави дека мора да има притвор за Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, поранешен вработен во УБК, пишува „Макфакс“

Според него, само во Македонија решението за притвор е неизвршно. „Притворот мора да се спроведе“, вели обвинителот на СЈО.

Бубевски посочи дека аргументите и доказите се на нивна страна.

Обвинителот истакна дека веруваат дека Врховен суд ќе одлучи правилно ако Грујевски, Јакимовски и Бошковски се жалат за притворот што вчера им беше определен од Апелациониот суд.

Во однос на обвинувањето дека СЈО не дозволило увид во доказите за градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, тој вели дека кога истрагата ќе се заврши секој може да побара копија од сите докази.