Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманБрзо, лесно и вкусно: Макарони со зеленчук и колбасици

Брзо, лесно и вкусно: Макарони со зеленчук и колбасици

Дојдовте од работа уморни, а во фрижидер нема ништо што може да се нарече ручек? Еве неколку рецепти кои можат да ја спасат вашата репутација на добра домаќинка.

Макарони со зеленчук и колбасици
Состојки:
Италијански (или било кој) колбас – 3-4 парчиња
Кромид – 2 парчиња
Пиперка – 4 парчиња
Лук – 4-6 чешниња
Маслиново масло – по вкус
Пармезан – по вкус
Макарони – 400 грама

1. Ставете ги макароните да се варат во малку солена вода.
2. Пиперките исечете ги на ленти, кромидот на полукругчиња, лукчето исечкајте го ситно.
3. Колбасиците пржете ги на скара (може и тава) околу 15 мин.
4. Во подлабока тава ставете малку маслиново масло и додадете го подготвен (2) зеленчукот. Додека се пасира мешајте го. Тој постепено треба да добие златна боја и да стане многу помек.
5. Исечете ги колбасиците (3) на неколку кругчиња.
6. Додадете ги готовите макарони и колбасици во тавата со зеленчукот (4) и се заедно оставете да се пропржи кратко. Се сервира со изрендан пармезан одозгоре.