Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеБрзите Дедомразовци ги расположија скопјани пред празниците

Брзите Дедомразовци ги расположија скопјани пред празниците

И во Скопје има брзи Дедомразовци, барем тоа го докажаа околу 300 учесници облечени во костумот на најомилениот лик на децата за време на новогодишните празници. Исто како и лани трката на Дедомразовци го збогати празничното расположение на скопјани.trkadedomraz1Дедомразовците во втората трка од овој вид, трчаа на траса долга 1,5 километри, каде стартуваа од Плоштадот „Македонија“, низ „Порта Македонија“, до Градската полница, по улица “Филип Втори” до кејот на Реката Вардар (од страната на зградата на МНР), со плоштадот „Филип Втори“, преку Камениот Мост, до целта повторно на плоштадот „Македонија“.

Извор: skopjeinfo.mk