Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБрзиот воз на релација Софија – Солун принудно сопрен поради анонимна порака за подметнат експлозив

Брзиот воз на релација Софија – Солун принудно сопрен поради анонимна порака за подметнат експлозив

Околу 60-тина патници биле принудени да ги напуштат вагоните во Благоевград од меѓународниот брз воз на релација Софија-Солун поради добиена анонимна порака дека во него е поставена експлозивна направа, јавува БТА.

Извршен е претрес од страна на специјализираните служби од кои не била пронајдена никаква сомнителна направа, по што возот го продолжил своето патување со задоцнување од 51 минута. Прес-службата на „Холдингот Буграски државни железници“ соопшти и дека бил откачен последниот вагон кој остнал на железничката станицата во Благоевград.