Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБруцелоза во Бугарија – 11 инфицирани

Бруцелоза во Бугарија – 11 инфицирани

Примероците земени од 11 лица од бугарскиот град Рила, што се наоѓа во близина на Благоевград, покажале позитивни резултати на тестирањето за бруцелоза, јави БТА.

Претставникот на Регионалната здравствена инспекција од Ќустендил, Динко Динев во изјава за агенцијата потврди дека денеска биле потврдени сомнежите за бруцелоза на примероците од 11 жители на Рила што вчера биле испратени на испитување во Софија.

Според Динев, заболените лица се на возраст од 36 до 77 години. Тој најави дека заболените ќе бидат подложени на задолжително лекување и редовно ќе биде следена нивната здравствена состојба.