Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаБрутално убиена пензионирана новинарка во Нови Сад

Брутално убиена пензионирана новинарка во Нови Сад

Пензиониранта новинарка во Радио-телевизија Војводина, Јарослава Дугошија Добренов (80) е брутално убиена во својот дом, по караницата со Билјана Ј. (50) за коja и претходно има издадена потерница за кражба во Сремска Митровица.

Старицата е пронајдена во локви на крв во куќата на улица „Никола Тесла„ бр.15 од страна на нејзината ќерка.
– Jaрослава е убиена на монструозен начин. Убиецот прво започнала да ја удира со шише од виски, а потоа со трупец и на крајот ја заклала со скршено стаклено шише. По убиството таа ја демолирала куќата, барајќи скапоцености, а дел од нив се пронајдени, кога е уапсена во селото Подбара. По нејзиното апсење таа го признала убиството, а мотивот бил кражба – дознава српски информер од извори блиски до истрагата.

Во собата каде што се случило убиството имало страшна слика, затоа што на телото на Јарослава имало многу повреди од удари и околу телото имало огромна локва крв. Според неофицијални информации, Билјана знаела дека куќата има вредни предмети, бидејќи нејзината ќерка едно време живеел тука како потстанар.

Јарослава Дугошија Добренов била меѓу првите телевизиски новинари кои се специјализирале за следење на земјоделството во екс Југославија и била прв уредник на емисијата Бразда од 1975 година, која тогаш се емитувала на телевизија Нови Сад.