HomeДЕНЕШНАСветБрус Спрингстин: Победата на Трамп на изборите би била поапсурдна и од цртаните филмови

Брус Спрингстин: Победата на Трамп на изборите би била поапсурдна и од цртаните филмови

Американскиот рок музичар Брус Спрингстин денес изјави дека претседателската кампања на републиканецот Доналд Трамп е „голема срамота“ за Американците. Спрингстин во шведско-норвешката телевизија „Скавлан“ изјави дека ги разбира луѓето кои немаат пари и се мачат да издржат до крај на месецот и ги поддржуваат идеите на Доналд Трамп токму поради недостаток на пари.

Шансите за Доналд Трамп да победи на изборите се „поапсурдни од цртани филмови“, истакна популарниот Спрингстен. „Но, тој многу се приближи и тоа ве прави да бидете нервозни. Не мислам дека ќе победи, но и самата негова кандидатура е голем срам за Америка“, изјави музичарот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com