HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБруно Марс ќе настапи на доделувањето на европските „MTV“ награди

Бруно Марс ќе настапи на доделувањето на европските „MTV“ награди

Тројниот добитник на европските „MTV“ награди, Бруно Марс, е прв изведувач на доделувањето на „MTV EMA“ наградите кое се одржува на 6 ноември во Ротердам. Американскиот музичат за прв пат ќе го изведе својот нов сингл „24K Magic“, со кој го најавува истоимениот трет студиски албум, чие излегување е закажано за 18 ноември. Овој американски пејач и продуцент зад себе има 11 „MTV EMA“ номинации, а во 2011 ја освои наградата за најдобра песна.

Бруно Марс по трет ќе настапи на доделувањето на европските „MTV“ награди, после „Белфаст“ 2011 година, кога ја изведе песната „Marry you“ и незаборавното изведување на хитот „Gorilla“ во Амстердам две години подоцна. Регионалниот канал MTV ќе ја пренесува во живо програмата од салата „Axoy Rotterdam“ на 6 октомври со почеток од 20 часот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com