Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопје„Броз Кафе“ доби две казни за незаконски поставена урбана опрема, последна опомена за рестораните на Боемска улица

„Броз Кафе“ доби две казни за незаконски поставена урбана опрема, последна опомена за рестораните на Боемска улица

„Броз Кафе“ доби две казни во износ од 4.000 евра за поставување урбана опрема без одобрение од Град Скопје. Инспекциските служби на општина Центар констатирале дека “Броз Кафе“, спротивно од законските одредби, има поставено маси и столици (урбана опрема).

Поради констатирано прекршување на законот, на правното лице му се изречени две глоби во износ од 4.000 евра, а на одговорното лице, 30% од одмерената глоба за правното лице. На “Броз Кафе“ му е наложено да ја отстрани поставената урбана опрема.

Од општина Центар информираат дека рестораните на “Боемската улица” добиле последна опомена, а службите и понатаму ќе продолжат со инспекција на угостителските објекти на територија на општината.