Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБројот на жртви во Тијанџин се искачи на 122 лица, властите признаа дека магацинот содржел стотици тони натриум цијанид

Бројот на жртви во Тијанџин се искачи на 122 лица, властите признаа дека магацинот содржел стотици тони натриум цијанид

Бројот на загинатите во експлозиите и пожарот што се случија во североисточниот кинески пристанишен град Тијанџин во средата вечерта, се зголеми на 112 лица, а уште 95 се водат како исчезнати. Во градските болници се хоспитализирани 722 луѓе, од кои 58 се во критична состојба. На местото на несреќата продолжуваат да работат спасувачи и војници со специјални хемиски заштитни одела.
tianjin eksplozijaКинеските власти вчера ги евакуираа жителите од населбите сместени во области до три километри околу местото на експлозијата, поради стравување од труења со отровни гасови. Во меѓувреме, висок кинески воен офицер соопшти дека разнесениот магацин во Тијанџин содржел 700 тони натриум цијанид – 70 пати над дозволеното количество. Ова е првото признание на властите за присуство на силно токсични хемикалии во магацинот, кој беше уништен од експлозиите.