Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБројот на загинати во Италија се искачи на 73

Бројот на загинати во Италија се искачи на 73

Бројот на жртвите од силниот земјотрес што погоди повеќе градови и села во планинскиот предел во централна Италија се искачи на 73, додека десетици се сметаат за исчезнати, соопшти италијанската Агенцијата за цивилна заштита.

Сепак, овие последни податоци не се конечни. Спасувачките тимови со булдожери, но и со голи раце копаат низ урнатините во потрага по преживеани, додека локалните власти предупредуваат дека смртниот биланс најверојатно ќе расте.

Катастрофата се случи ноќеска во 3:36 часот по локално време, а следеа и силни потреси. Епицентарот се наоѓал во провинцијата Риети на длабочина 4 километри. Најмногу настрадале планинските населби Аматриче, Пескара дел трон, Акумоли.

Овој земјотрес, кој беше почувствуван дури и во Рим, на повеќе од 150 км оддалеченост, е најсилниот во Италија по оној во 2009 година, кога повеќе од 300 луѓе загинаа во и околу градот Аквила.