Tuesday, Mar 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноБројот на домот може да ја одреди вашата среќа?

Бројот на домот може да ја одреди вашата среќа?

Можеби ви делува неверојатно, но бројот на вашата куќа може да ја предодреди вашата среќа или животот и влијанијата кои ги имате, тврдат нумеролозите.

Тоа не значи дека точно укажува што ќе ви се случува, туку само ги дава можните влијанија кои ќе ги чувствувате, свесно или несвесно, а зависно од тоа како ќе се справувате и носите, така ќе ви се одвива и животот.

Сепак, ако си го пронајдете бројот, можеби ќе сфатите зошто ви се случуваат некои работи во домот или како се чувствувате.

За да го одредите судбинскиот број на адресата потребно е да ги соберете цифрите додека не добиете едноцифрена бројка за која ќе го најдете описот.

На пример, ако живеете во зграда и во адресата имате број 25/6 = 2+5+6=13=1+3=4

http://www.piktogramy-shop.cz/fotky40168/fotos/cislo_na_dvere_stribrna_barva_10.jpg

Број 1

Овој број носи ознака на индивидуалност и оригиналност. Тие често имаат нови идеи, започнуваат нови проекти и преземаат ризици. Но, колку што е добар овој број на професионално и финансиско поле, толку помала среќа носи во приватниот живот. Поттикнува осаменост, критичност, неодлучност. Потребно е куќата да ја уредите со златна, портокалова и маслинесто зелена боја за да го зголемите позитивното влијание. Домашните треба да внимаваат на видот и циркулацијата.

Број 2

Овој број симболизира промени, па луѓето често се селат од оваа адреса. Има пријатна атмосфера на семеен дом, обично е едноставно место со доза на неуредност, а поттикнува плодност и заљубување. Луѓето кои живеат во него често работат од дома, а имаат интерес за технологија, патувања, алтернативна медицина и астрологија. Поради брзоплетост често носат лоши деловни одлуки и мора да почнуваат од почеток, а во односите се многу зависни од другите. За да го зголемат позитивното влијание, а да го намалат негативното би требало колку што може повеќе да го осветлат и да ги отстранат непотребните работи. Се предлагаат тонови како кафена, сива и беж. Домашните треба да внимаваат на проблеми со белите дробови, кожата и стомакот.

Број 3

Тој е симбол на ширење, обнова и подобрување. Луѓето кои живеат на овој број често се перфекционисти, љубезни и верни со оптимистички поглед на животот, но воздржани. Имаат изострена смисла за хумор и цврсти ставови за слободата, религијата и семејството. Знаат да се однесуваат екстравагантно и да ги трошат дури и парите кои ги немаат, па често влегуваат во финансиски проблеми. Имаат големо семејство, сакаат да уживаат во пороците, па често имаат и здравствени проблеми. Во нивниот дом се добредојдени сини тонови за да се зголеми позитивното влијание. Би требало да бидат порационални и попрактични, а во однос на здравјето, треба да внимаваат на прекумерната тежина, да ја проверуваат состојбата на срцето и хормоните.

Број 4

Куќата со овој број е комплицирано место за живот, бидејќи е симбол на конфликти. Две спротивставени сили кои се борат за стабилност и промена. Во овој дом постојано нешто се реновира, се менува и купува. Спротивставени темпераменти, духовитост, сочувство се чести појави овде. Овој број не е за оние кои се кревки на карактер и плашливи, туку повеќе е за оние кои се навикнати да функционираат под стрес и кои имаат сила да издржат многу работи. Важно е да ги одредат своите приоритети. За да го намалат негативното влијание на овој број се препорачува да имаат многу свеќи низ домот, цвеќиња и украси од стакло. Домашните треба да внимаваат на мигрена, депресивни мисли и проблеми со половината.

Број 5

Овој број симболизира хармонија, добри мисли и емоции. Во оваа куќа е изразена друштвеноста. Солидарноста и стабилноста се главни поволности на влијанието на бројот 5. Оние кои живеат на оваа адреса полека ја градат среќата и ги надминуваат сите препреки до целта. Лошото влијание на овој број е честото заборавање, што им предизвикува повремени непријатности. За да се зголеми позитивното влијание треба да постават предмети од метал. Од здравствени проблеми, најмногу им пречи високиот притисок и проблемите со инфекции на уво, грло, нос.

http://www.piktogramy-shop.cz/fotky40168/fotos/%C4%8D%C3%ADsla%20na%20dve%C5%99e-17312.jpg

Број 6

Овој број симболизира одлучност, цврст став и крајност. Тука е добро место за да одморите во тишина, но понекогаш знае да биде и место со интензивен раздор и одбојност меѓу членовите на семејството или пак на интензивна страсна љубов и искрена поврзаност. Добро делува на оние кои сакаат да пробуваат нови работи, да експериментираат и да се занимаваат со некакво хоби. Во овој дом луѓето се многу креативни. За да се зголеми позитивното влијание се препорачуваат жолтата и зелената боја. Домашните треба да внимаваат на забите и коцките.

Број 7

Овој број е симбол на сонувањето, фантазирањето и бунтот. Седмицата претставува духовност и чувство на ранливост. Понекогаш домашните може да имаат проблем со одвојувањето на реалноста од фантазијата, па ќе се одвојуваат со ставовите од другите. Најчесто во овие домови има шанси да се случуваат паранормални приказни и некои необични појави. Оние кои живеат тука обично се занимаваат со некоја уметничка професија. Во работата се променливи, а често се склони и на пороци. Добро е во својот дом да внесат повеќе виолетова боја која ќе го зголеми позитивното влијание.

Број 8

Овој број е симбол на почитта и стабилноста. На домашните им носи добар углед, авторитет и слава, но и голема одговорност која често ја имаат кон другите. Се трудат на сите да им угодат, но не си ја загрозуваат својата состојба на удобност. Имаат почит кон традиционалните вредности, семејството и пријателите. Во овој дом потребни се чести поправки. Ентериерот е во потемни бои, а за да го зголемат позитивното влијание треба да внесат повеќе детали и украси, како слики и огледала. Најголеми здравствени проблеми имаат со лошиот имунитет, настинките и воспаленијата.

Број 9

Овој број е симбол на големи поделби, што се одразува и на просторот и на различното уредување како и на различните темпераменти кои живеат овде. Овие луѓе обично се иницијативни и знаат што сакаат од животот. Во работата се многу успешни, а дома често се напнати. Во овој дом може често да се јават проблеми со влагата и греењето. Домашните мора да внимаваат на љубовните проблеми и депресијата. За да го подобрат влијанието се препорачува сите ѕидови да им бидат бели и да додадат повеќе детали.