HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБритни Спирс не е воодушевена од Аријана Гранде

Бритни Спирс не е воодушевена од Аријана Гранде

Американската пејачка Бритни Спирс изјави дека слушнала подобри имитации на нејзините песни, за разлика од тоа што во два наврата го направи нејзината млада колешка Аријана Гранде. Во два наврата Аријана ја имитираше Бритни Спирс. Првиот пат беше во емисијата на Џими Фалон минатата година, а потоа во емисијата „Saturday Night Live“, на почетокот на оваа година, кога, покрај Бијонсе, таа ги имитираше и Ријана, Селин Дион и Шакира.

Спирс гостувајќи во емисијата на радио-станицата „KISS-FM“, запрашана што мисли околу имитациите таа одговори дека и се допаѓа гласот на Аријана Гранде и дека таа е многу добар вокал.

Меѓутоа, кога водителот инсистираше да му го каже мислењето за имитацијата, Бритни Спирс, очигледно ниту малку воодушевена одговорила дека слушнала и подобри имитации на нејзините песни.

Во март оваа година Аријана Гранде во едно интервју откри дека Селин Дион, која исто така ја имитираше, ја пофалила велејќи и дека била импресионирана од нејзината емитација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com