Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБритни Спирс има нова песна!

Бритни Спирс има нова песна!

Популарната пејачка претстави дел од песната „Private Show“ во рекламата за својот нов парфем. На социјалните мрежи обожавателите на Бритни Спирс оставија низа коментари во кои прашуваа дали тоа е дел од долгоочекуваната нова песна, за потоа на „Youtube“ да биде објавена нејзината нова песна „Make me“.

Поточно, „Make me“ е песна која поп дивата ја најавуваше веќе некое време, додека „Private Show“ било мало изненадување со рекламата за парфем.

Песната „Make me“ во себе содржи елементи на хип-хоп и е потполно различна од целата досегашна работа на Бритни Спирс во својата кариера. Обожавателите се надеваат дека песната „Make me“ ќе забележи поголем успех од песната „Pretty Girls“, дует со Иги Азалеа, која беше објавена минатото лето.