Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБританскиот принц во официјална посета на Индија и Бутан

Британскиот принц во официјална посета на Индија и Бутан

Британски принц Вилијам и његова супруга Кејт

Британскиот принц Вилијам заедно со својата сопруга Кејт денес пристигнаа во еднонеделна посета на Индија и Бутан, што е веќе второ нивно заедничко патување како претставници на британската круна и прва кралска турнеја во последните две години. Принцот и неговата сопруга својата прва посета во Индија ја започнаа во Мумбаи, со положување на венец на споменикот во хотелот „Таџ Махал Палас“, во кој во терористички напади во 2008 година починаа 30 лица. Пред хотелот се собраа голем број на луѓе, надевајќи се да ги видат во живо Британскиот принц и неговата сопруга.

За време на посетата на Индија, Вилијам и Кејт би требало да одржат состанок со премиерот Нарендр Моди и претставниците на организацијата за заштита на животни, а исто така ќе го посетат и величенствениот мавзолеј Таџ Махал. После оваа посета на Индија, на повик на бутанскиот крал, Британскиот принц и неговата сопруга ќе го посетат и соседниот Бутан.