Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБританскиот Парламент изгласа предвремени избори

Британскиот Парламент изгласа предвремени избори

Британскиот Парламент денеска го изгласа предлогот на премиерката Тереза Меј за одржување на предвремени парламентарни избори на 8-ми јуни. По час и половина дебатирање, пратениците го поддржаа предлогот на Меј со 522 гласови „за“ и 13 „против“.

Во пресрет на гласањето, Меј рече дека предвремените избори ќе ја зајакнат на „најважната точка“ во британските разговори со Европската унија (ЕУ) за излезот на земјата од блокот.

Опозициската Лабуристичка партија и Либерално-демократаската партија ги поздравија предвремените избори, додека Шкотската национална партија (СНП) ги повикаа нивните пратеници да се воздржат од гласање. Меј направи изненадување со повикот за предвремени избори велејќи дека на Британија и треба сигрност и стабилност во пресрет на минатогодишниот референдум за излез од ЕУ.