Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБританскиот бенд „Tears For Fears“ подготвува нов албум

Британскиот бенд „Tears For Fears“ подготвува нов албум

Британскиот бенд „Tears For Fears“ започна да работи на својот прв албум во последните 12 години. Последниот албум на Курт Смит и Роландо Орзабела носеше назив „Everybody Loves A Happy Ending“. Тие планираат и први настапи после дури 26 години отстуство од музичката сцена, а еден веќе е закажан за 29 јуни.

Нешто порано најавија дека новиот албум ќе биде готов пред настапот во живо. Својот некогашен звук, самите членови на бендот го опишуваа како мешавина од групите „Portishead“ и „Queen“. Врвот го достигнаа во осумдесетите години на минатиот век кога создадоа големи хитови како „Shout“, „Mad World“ и „Everybody Wants To Rule The World“.