HomeАЈНШТАЈНИЈААтомБритански научници се пофалија со првиот излечен од ХИВ

Британски научници се пофалија со првиот излечен од ХИВ

Британец стана првата личност во светот излечена од ХИВ со новата терапија направена од тим британски научници. 44-годишниот Британец е еден од 50 луѓе кои во моментов се лечат со новиот третман направен од универзитети од Оксфорд, Кембриџ, Кралскиот колеџ во Лондон и Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Тие за Sunday Times изјавија дека вирусот е целосно исчезнат од крвта на пациентот, а доколку така и остане, тој ќе биде првиот човек излечен од ХИВ.

Новата терапија работи во две фази, првата е кога вакцината ќе му помогне на телото во препознавање на клетки инфицирани со ХИВ вирусот, кои потоа ги чисти и втората е кога лекот Vorinnostat ги активира заспаните T-клетки за да може имуниот систем да ги забележи.

„Ова е еден од првите сериозни чекори за пронаоѓање на целосен лек за ХИВ вирусот. Сега ја истражуваме реалната можност за лечење. Ова е голем предизвик, но напредокот е навистина неверојатен“, вели Марк Самјуелс, директор на Националниот институт за истражување во здравството.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com