Monday, May 29, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиБритански Independent исчезнува од киосците – станува интернет медиум

Британски Independent исчезнува од киосците – станува интернет медиум

independent-newspaper-007

Британскиот весник Independent ќе исчезне од киосците следниот месец, откако неговиот руски сопственик рече дека весникот, кој е стар 29 години, ќе се објавува само на интернет, што е досега најочигледен знак за притисокот на кој е изложена новинската индустрија.

Весникот, кој е формиран од група новинари во 1986 година, стана жртва на промената на навиките на читањето вести што го донесе интернетот. Од 400.000 примероци дневно во најдобрите денови, тиражот на весникот паднаа на околу 40.000.

„Ова одлука ќе го сочува брендот Independent и ќе ни овозможи да продолжиме со уредувачката содржина со висок квалитет, кој привлекува се повеќе читатели на нашата интернет платформа“, рече сопственикот на весникот, Евгениј Лебедев. „Новинската индустрија се менува, а таа промена ја покренуваат читателите. Тие ни покажуваат дека иднината е дигитална.