Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБритански авион по грешка истрелал две ракети на Кипар

Британски авион по грешка истрелал две ракети на Кипар

Британски воен авион, кој се враќал кон воената база во јужниот дел на Кипар, случајно истрелал две ракети на копно, кои за среќа не експлодирале и не предизвикале човечки жртви, соопштија претставници од Воената база на британското воено воздухопловство Акротири. Авионот „Торнадо ГР4“ при слетувањето во базата Акротири, во близина на крајбрежниот град Лимасол, истрелал две ракети „бримстон“.

Портпаролот на британското воено воздухопловство Кристијан Греј изјави дека ракетите не експлодирале и моментно на нивно отстранување работат експерти од британското Министерство за одбрана.
– Колку што знаеме, ова е првпат да се случи такво нешто. Причините се уште не се познати, а истрагата е во тек, истакна Греј.