HomeДЕНЕШНАСветБританската кралица ќе го покани Трамп на државна посета

Британската кралица ќе го покани Трамп на државна посета

elizabeta-kralica

Британската кралица Елизабета Втора ќе го покани новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во државна посета на Велика Британија следната година, со што ќе се обиде да ги зацврсти односите меѓу двете земји, објави денеска весникот The Sunday Times.

Цитирајќи двајца министри и функционер близок на британската премиерка Тереза Меј, весникот пишува дека наскоро ќе започнат разговорите меѓу британските функционери и тимот на Доналд Трамп за да се договори неговата посета вој јуни или во јули следната 2017 година. Во Велика Британија се решителни во повторното градење на „специјалниот однос“ со САД во периодот кога земјата се подготвува за излегување од Европската унија што ќе ја одбележи иднината на островската земја.

Трамп во текот на неговиот прв телефонски разговор по победата на изборите на 8-ми ноември со странски државник, ја повика британската премиера Меј да го посети што е поскоро можно, објави кабинетот на премиерката. Нејзините помошници откриваат дека уште не е одреден датумот за таа посета.

The Sunday Times пишува дека владата во Лондон се надева дека официјалната посета ќе биде „тајното оружје“ за зацврстување на односите со Трамп откако претходно британските политичари не беа многу расположени тој да биде избран за претседател на САД, и откако главниот поборник на напуштањето на ЕУ, десничарот Најџел Фараж, претходно стана првиот британски политичар кој се сретна со новиот американски претседател.

Весникот додава дека премиерката Меј мината седмица рекла дека Трамп ѝ открил дека неговата мајка била Шкотка и „голема обожавателка“ на кралицата Елизабета.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com