Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБританија со воздушни напади против ИСИС – Одмазда за туристите во Тунис

Британија со воздушни напади против ИСИС – Одмазда за туристите во Тунис

Во Велика Британија ќе се дебатира за активирање на армијата со изведување на воздушни напади против борците на ИСИС во Сирија. Мајкл Фалон, министерот за одбрана ќе му предложи на Парламентот дека нападот на екстремистите во Ирак е нелогичен, но затоа пак може да се изведат воздушни напади во Сирија која е длабоко навлезена во војна со повеќе фракции и токму таму е изворот на сите терористички напади, како неодамнешниот во Тунис кога беа убиени 30 британски туристи.

Опозицијата составена од Лабуристите даде повеќе аргументи зошто е против воениот ангажман на Велика Британија со директен судир со ИСИС. Ваквата операција ќе чини многу средства од домашниот буџет кои попаметно е да се потрошат на образование, здравство и инфраструктура.

Воздушните напади исто така нема да вродат со голем плод бидејќи стратегијата на Обама веќе пропаѓа и ИСИС мора да биде поразен на копно, но со здружени сили на борците од Ирак и Сирија кои припаѓаат на различни етнички и верски заедници.

Владата на Велика Британија може да ја донесе одлуката за напад на Сирија и без согласност на членовите на Парламентот, но министерот Фалон оцени дека најдобро е да има консензус по ова многу важно прашање и финалниот збор ќе го имаат пратениците.