Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБританецот Марк Лејланд е новиот генерален менаџер на скопскиот „Мериот“

Британецот Марк Лејланд е новиот генерален менаџер на скопскиот „Мериот“

Британецот Марк Лејланд е новиот генерален менаџер на хотелот „Мериот“ во Скопје.

Лејланд е дел од менаџерските тимови на Мериот Интернационал уште од 2003-та година кога почнува да работи како менаџер за храна и пијалаци во хотелот во Абердин. Од тогаш тој бил на највисоки менаџерски функции во уште 4 хотели на Мериот во Велика Британија. Неговото искуство и лидерските способности, како и забележителниот успех во работата, му овозможуваат да биде промовиран во генерален менаџер на Мериот хотелот во Јорк. Марк успева да го позиционира хотелот како рекордер во остварен приход за 2014 година. Потоа неговата кариера продолжува во Мериот хотелот во Портсмут каде продолжува со својата практика да руши рекорди во профит и продажба. Пред да дојде на челното место во Скопје Мериот Хотел тој се стекнува со дипломата Honours in Hospitality Business Management од Универзитетот во Лидс за потоа 8 месеци да го збогатува искуството во елитните хотели низ Азија.

„Тимот на Скопје Мериот Хотел надополнет со искусен лидер каков што е Марк Лејланд ќе продолжи со остварување на зацртаната стратегијата на еден од престижните брендови во светот за постојано унапредување и зацврстување на лидерската позиција на Мериот Интернационал во Македонија“, стои во соопштението.

Најголемиот ланец на хотели во светот, Мериот Интернационал, пред повеќе од една година ги отвори вратите на Скопје Мериот Хотел во нашата држава. Брендот кој важи за еден од најелитните во светот со својата 90 годишна традиција и присуството во 122 земји со повеќе од 6000 хотели во целост ги оправда големите очекувања во Скопје.

Минатата година скопскиот „Мериот“ стана добитник и на наградата за најдобар бизнис хотел, „Златна монета“.