Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБрисел укажува, Скопје реформира

Брисел укажува, Скопје реформира

Откако беше објавен извештајот на Европската комисија од Рејнхард Прибе за функционорањето на политичкиот систем во Македонија се говори за примена на реформи со кои ќе се одговори на сите нотирани забелешки, па затоа ќе започнат и активностите на Собранието преку шест комисии од потребните области.

Ќе се разгледуваат забелешките и ќе се бараат решенија за независно функционирање на институциите, особено на контролните тела чија задача е да регулираат одредена сфера на јавно делување или пак институции од власта.

solza grceva

Исто така ќе мора да се реши и прашањето за полицискиот надзор, следењето на комуникациите и работата на тајните служби за што се прават напори и во собранието. Како и претходно повторно за целосен одговор на забелешките потребна е и опозицијата која треба да ги укаже грешките на власта во собранието и да бара одговорност и почитување на прописите.