Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБрисел нема да ги признае изборите, последиците ќе бидат сериозни

Брисел нема да ги признае изборите, последиците ќе бидат сериозни

Маја Коцијанчич, портпаролката на Европската комисија за Дојче Веле пренесе остра порака до политичките лидери во Македонија, пренесувајќи ја заканата дека последните потези ќе доведат до сериозни последици.

„Сметаме дека не се исполнети ниту минимум услови за овозможување веродостојни избори на 5 јуни 2016, кои би можеле да бидат признаени од меѓународната заедница“. Потребно е враќање на политичкиот дијалог и наоѓaње на решение кое ќе биде прифатливо и за партиите, но во интерес на граѓаните и ЕУ останува посветена да помогне во овој процес.

izbori

Едностраните избори на 5-ти јуни на кои учество ќе земе само коалицијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат признати и владата која би произлегла нема да добие признание од меѓународната заедница, пред се мислејќи на институциите на ЕУ.