Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Брима“: Заев има за речиси 5 отсто поголем рејтинг од Груевски

„Брима“: Заев има за речиси 5 отсто поголем рејтинг од Груевски

Најновиот политички барометар на Брима покажува дека по изборот на новата Влада дошло до значајни поместувања на позициите на политичките партии во електоратот на Македонија. Истражувањето е спроведено непосредно по изборот на владата (од 2 до 12 јуни 2017).

За првпат по низа години СДСМ води со 22,4% пред ВМРО-ДПМНЕ кој го поддржуваат 19,8% бирачи. Иако ВМРО-ДПМНЕ во сегментот на етничките Македонци се уште има предност од 0,9% во вкупниот електорат СДСМ има предност од 2,6% затоа што СДСМ го поддржуваат 6,3% од етничките Албанци а исто така СДСМ и кај гласачите од другите етнички заедници има предност од 15,1% во однос на ВМРО–ДПМНЕ. Во Албанскиот политички кампус ДУИ и понатаму ја задржува предноста со 26,6% во однос на Беса која е поддржана од 15,8% и Движењето за реформи во ДПА која ја поддржуваат 15,5% етнички Албанци.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека во вкупниот електорат сега на позитивната листа води Зоран Заев со 17.7%, a Никола Груевски заостанува зад него за 4.7%, за кого се определиле 13.0% граѓани од вкупниот електорат.