Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБРИКС отвори банка во Шангај

БРИКС отвори банка во Шангај

БРИКС ги отвори вратите на првата филијала на Банката за развој во Шангај. Долго најавуваниот проектот конечно излегува на светската финансиска сцена. Новата банка за развој се смета дека ќе им биде конкуренција на Светската банка и на Меѓународниот монетарен фонд.

Како што е првично најавено банката ќе биде со почетен капитал од 100 милијарди долари. Иако оваа сума е многу пониска од активата со која располагаат актуелните глобални финансиски институци, проценките се дека оваа институција ќе има многу поголем потенцијал.

Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка (БРИКС) сочинуваат 40 насто од светската популација со вкупен БДП од 13,6 трилиони долари и заедно имаат надворешни резерви од 4 трилиони долари.