Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБремените жени нема да плаќаат партиципација

Бремените жени нема да плаќаат партиципација

Министерството за здравство превзеде повеќе обврски за покривање на партиципацијата за прегледите на матичните гинеколози за бремените жени, најпрво за тие со здравствено осигурување, а од следната година и за жените од социјално ранливите категории.

bremenost

Министерството ќе ги покрива трошоците за партиципација за гинеколошки и микробиолошки прегледи, биохемиски анализи, вклучувајќи го и породувањето, како и за советување при посета од страна на патронажните служби.

Целта на министерството за здравство е да се подобри здравјето на мајките и новороденчињата, како и да се зголеми здравствената заштита за ранливите групи на жени со ниско или без образование, како и на тие во понедостапните рурални области.