Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбал“Брегзит“- најдобрите 11 кои би можеле да останат без дозвола во Премиер лигата!

“Брегзит“- најдобрите 11 кои би можеле да останат без дозвола во Премиер лигата!

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија би можело да биде голем удар за островскиот фудбал. Откако Велика Британија на референдумот изгласа излегување од Унијата, се појави страв дека тоа може да ги оштети бројни премиерлигашки клубови. Доколку тоа се случи, многу играчи би можеле да останат без работна дозвола за настап во Премиер лигата, што би значело дека ќе бидат приморани да ги напуштат своите клубови.

Познато е дека Англичаните имаат посебна процедура кога е во прашање добивањето на работна дозвола, која најмногу зависи од бројот на настапите за националниот тим. Многу големи ѕвезди, посебно оние младите, се уште го немаат исполнето условот за доволен број одиграни натпревари за националниот тим за да добијат работна дозвола во Премиер лигата, а ова се најдобрите 11 кои би можеле да ги напуштат своите клубови поради “Брегзит“.

Брегзит-најдобри 11