Tuesday, Oct 17, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРФилмБредли Купер со атрактивен филм за мега стар готвач

Бредли Купер со атрактивен филм за мега стар готвач

Бредли Купер по 10 години повторнo ќе глуми врвен готвач во филмот Burnt каде се обработува темата за славните готвачи кои потпаѓаат под дејство на наркотици и алкохол. Во 2005 Купер играше во серијата на Fox „Доверливо од кујната“ базирана според книгата на славниот Ентони Бурдејн но, беше откажана по само 13 епизоди.

Сега Купер ќе може повторно да ги покаже своите вештини со ножот, во друштво на одличните актери Сиена Милер, Алиса Вајкандер, Даниел Брул, Ема Томпсон, Ума Турман и Џејми Дорман. Премиерата на Burnt е закажана за 23 октомври и уште сега се претпоставува дека Купер може да ја добие и четвртата по ред номинација за Оскар, па во продолжение погледнете го и првиот трејлер.