HomeРЕФЛЕКТОРФилмБред Пит под истрага поради злоставување на своите деца

Бред Пит под истрага поради злоставување на своите деца

Американскиот актер Бред Пит, кој се најде во центарот на вниманието поради разводот од сопругата Анџелина Џоли, се наоѓа под истрага на полицијата во Лос Анџелес и социјалните служби поради обвинение дека вербално и физички ги злоставувал своите деца. Според овие извори, злоставувањето било поради разводот, а инцидентот од кој се почнало се случил минатата недела кога семејството се наоѓало во приватен авион. Според извори блиски до семејството, Пит бил пијан и започнал да вика и физички да ги малтертира своите деца.

Инцидентот анонимно бил пријавен на социјалните служби кои ги испрашувале Бред и Анџелина Џоли, а планираат да ги испрашуваат и децата. Токму поради тоа наводно Анџелина Џоли се одлучила да поднесе барање за развод од својот долгогодишен партнер.

2

Извори блиски до Бред Пит тврдат дека тој ова го сфаќа многу сериозно и дека ги негира шпекулациите дека ги злоставува своите деца. Според пишувањата на странските медиуми Пит планира да побара заедничко старателство над децата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com