Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБред Пит изненадно во Хрватска, планира да инвестира на Балканот

Бред Пит изненадно во Хрватска, планира да инвестира на Балканот

Бред Пит ги изненади туристите и граѓаните на Шибеник, кога минатиот четврток бил забележан при посетата на овој морски град. Сега е откриена и причината за неговото доаѓање. Како што пренесуваат хрватските медиуми, холивудскиот актер прво со група пријатели пристигнал во Задар со помала јахта, за потоа да го посети и Биоград, а следната дестинација му бил Шибеник, поточно блиското гратче Заблаќ.
bred pit hrvatska 1
Наводно, Пит таму планира да вложи свои пари и да гради луксузни вили, во партнерство со Швајцарците. Во друштвото кое било со актерот бил и еден архитект. Сите ноќевале во хотел во Шибеник. Бред јадел од познатото сирење од Паг и тартуфи, а за пиење барал само домашни пива.