HomeРЕФЛЕКТОРФилмБред Пит исплашен дека може да ги изгуби децата

Бред Пит исплашен дека може да ги изгуби децата

После разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит започнаа шпекулации околу односот на славниот пар, а вчера беше пренесено дека Бред Пит е обвинет за злоставување на децата. Меѓутоа, двајца членови на нивниот персонал, кои работеле за парот неколку години, велат дека целата ситуација исклучително го погодила актерот. Британските медиуми пренесуваат дека еден од нив изјавил дека никогаш го немал видено Пит во такво издание.

„Тој е многу нервозен и преплашен“, изјави еден од членовите на персоналот. Според неговите зборови, Пит се плаши дека ќе ги изгуби децата поради нешто што не го направил и светот ќе мисли дека е лош татко, што е далеку од вистината. И покрај тоа што моментално не може да се види со децата, славниот актер е во контакт со персоналот и проверува дали е се во ред.

„Бред се чувствува грозно. Чувствува дека се што се зборува за него не е точно ниту праведно. Ни јас не верувам во тие приказни“, изјави другиот член на персоналот. Како што тој истакна, на холивудскиот актер исто така му било жал поради ситуацијата низ која мора да поминуваат неговите деца. „Што се однесува до обвинението за злоставување на децата, сметам дека тоа не го заслужува. Тој е далеку од тоа“, додаде тој.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com