HomeАНТИСТРЕСШтосно„Бред е сингл“: Оригинална рекламна кампања на норвешката авиокомпанија

„Бред е сингл“: Оригинална рекламна кампања на норвешката авиокомпанија

Додека јавноста се занимава со разводот на најпознатиот холивудски пар, норвешката нискобуџетна авиокомпанија „Норвежен ерлајнс“ реши тоа да го искористи за свои маркетиншки цели.

Имено, во норвешките весници се појави реклама со натпис:„Бред е сингл“. На овој начин, норвешката авиокомпанија го рекламира новиот лет до Лос Анџелес.

Со оваа реклама се надеваат дека ќе допрат до женската популација и ќе ја искористат веста за разводот на Бред и Анџелина.

Инаку оваа авиокомпанија веќе неколку години важи за една од најдобрите нискобуџетни компании во Европа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com