Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБразилската претседателка сведочи пред Сенатот на Бразил во расправата за импичмент

Бразилската претседателка сведочи пред Сенатот на Бразил во расправата за импичмент

Суспендираната бразилска претседателка Дилма Русеф, денеска во Сенатот кој одлучува за нејзината политичка судбина, демантираше дека извршила кривично дело заради кое би требало да биде сменета од функција. Русеф (68) нагласи дека процедурата за нејзино сменување е „пуч организиран од нејзините политички непријатели“.

– Знам дека ќе ми се суди, но мојата совест е чиста. Не сум извршила кривично дело, наведе Русеф.

Таа потсети дека во 2014 година била избрана со 54 милиони гласови и додаде дека го почитувала Уставот.

– Не можам, а да не почувствувам горичина на неправда, изјави таа пред Сенатот.

Русеф е обвинета за незаконско манипулирање со буџетот на државата пред последните претседателски избори, со намера да се сокрие растечкиот дефицит на земјата, но и за изборни потреби.