Thursday, Apr 25, 2024
HomeUncategorizedБраун го исфрли Надал од Вимблдон

Браун го исфрли Надал од Вимблдон

Дастин Браун е новата сензација на Вимблдон. Сто и второ пласираниот Германец го исфрли шпанскиот тенисер Рафаел Надал во рамките на третото коло на најпрестижниот тениски турнир. Одличниот прв сервис, солидната игра на мрежа и огромната борбеност му донесоа на Браун прва победа над популарниот Рафа, кому денеска баш ништо не му одеше од рака. Мечот Браун успеа да го добие со 3:1 во сетови и тоа (7:5, 3:6, 6:4,6:4)

дастин

Ова е само уште една потврда дека не е случајно што некогашниот светски број еден рекет повеќе не се наоѓа меѓу најдобрите четири тенисери. Се чини дека повредите го земаа својот данок.