HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаБрат и сестра исчезнале пред неколку месеци, ги пријавиле вчера

Брат и сестра исчезнале пред неколку месеци, ги пријавиле вчера

Полиција-1

Вчера во полицијата било пријавено исчезнување на брат и сестра, за кои нејзиното семејство со месеци незнаело ништо. За нив се грижеле тетката и бабата, кои не можеле да пријават во полиција бидејќи не биле нивни старатели. Мајката на децата во 2011 година заминала по работа во Египет и оттогаш не се знае ништо за неа.

Исчезнување го пријавиле од Меѓуопштински центар за социјална работа откако бабата и тетката на децата им рекле дека не можеле да пријават дека децата исчезнале, бидејќи не биле старатели. На 26 мај на улица „Васил Главинов“ исчезнало петнаесетгодишното девојче, а четири месеци подоцна исчезнал и нејзиниот две години постар брат на булеварот „Видео Смилевски – Бато“.

Нивната мајка од 2011 година била замината во Египет и од тогаш воопшто не се вратила дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com