Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБранденбуршката порта во Берлин ќе биде осветлена со боите на турското знаме

Бранденбуршката порта во Берлин ќе биде осветлена со боите на турското знаме

Бранденбуршката порта во Берлин денеска ќе биде осветлена со боите на националното знаме на Турција, а утре знамињата ќе бидат спуштени на половина копје откако 41 луѓе синоќа беа убиени во терористички напад на меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул, јави ДПА.

– Истанбул и Берлин се побратимени градови и споменикот од 18 век во центарот на Бeрлин ќе биде осветлен во црвена и бела боја во знак на солидарност со семејствата на загинатите и со цела Турција, изјави портпаролката на германската Влада Даниела Аугенштајн.

Во последните месеци Бранденбуршката порта беше осветлена со боите на знамињата на Франција и на Белгија, како и со знамето на ЛГБТ заедницата во знак на солидарност кон групи луѓе, кои биле жртви на терористички напади.