Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБрајтон оствари пласман во Премиер Лигата

Брајтон оствари пласман во Премиер Лигата

Играчите на Брајтон остварија пласман во Премиер Лигата со победата над Виган. Брајтон победи со головите на ветеранот Глен Мареј и левото крило Соли Марч и по 43 кола го прослави своето место во елитата, за наредната сезона. Брајтон во последниве неколку години редовно доаѓаат во плејофот, но никогаш не успеа да стигне до Премиер Лигата.

Го носат прекарот “Галебите”, а играт на стадионот Фалмер, популарен и како ”Amex” (American Express Community Stadium), кој собира 30,750 гледачи.