HomeДЕНЕШНАПолитикаБожиновски ќе чека нов судијка да му суди

Божиновски ќе чека нов судијка да му суди

Предметот кој се води против Зоран Божиновски ќе добие нова судијка во името на Ленка Давиткова која ќе ја замени досегашната судијка Сандра Крстиќ која побарала боледување од лични и семејни причини по што ги прекинува сите случаи кои ги води. Токму затоа се одложува и планираното рочиште за вторник, а Божиновски за да биде изведен пред суд ќе треба да почека од Давиткова да ја продолжи постапката.

Тој беше обвинет како дел од осомничените во случајот „Шпиун“ за уцена, рекет, шпионажа и распространување на доверливи материјали, но бидејќи не беше извршена екстрадицијата од Србија ќе му се суди одвоено.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com