Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБожиќно послание на г.г.Стефан за православните верници

Божиќно послание на г.г.Стефан за православните верници

Поглаварот на Македонската православна црква архиепископот г.г.Стефан, како и светиот архиерејски Синод на православните верници им го упатија првото Божиќно послание за еден од најзначајните празници, Христовото рождество.

rahanjeto-na-isus

„Во градот Витлеем, длабоко во ноќната тишина, Словото Божјо – Богочовекот Христос, дојде на земјата – се облече во нашето тело, сакајќи да го обожи со Своето Божество, објаснува свети Климент Охридски. На ист начин Синот Божји постојано се раѓа и во нашите души – онаму каде што замолкнува разумот, таму каде што единствено е присутна молитвата и каде што умот е исправен пред Бога. Господ Христос, очекуваниот Миротворец, се роди на земјата како незнаен и непознат, и само мудреците, пастирите и ангелите дојдоа да Го пресретнат во витлеемските јасли. Па да им се придружиме и ние на тие први поклоници и дарители пред Богодетето, како и на сите праведници и луѓе со добра волја, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сè што е чуено и видено, зашто голема е тајната на побожноста – Бог се јави во плот“, стои во посланието.

Вечерва верниците низ повеќе градови ќе се собираат за да ги запалат првите коледарски огнови, додека пак утре во среда ќе се прослави Бадник со вечера за семејството, за во четврток да го прославите Христовото раѓање на Божик.