Monday, Dec 18, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаБожиќна Архиерејска Златоустова литургија во Соборниот храм

Божиќна Архиерејска Златоустова литургија во Соборниот храм

gospodin stefan bozik

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ се одржа Архиерејска Златоустова литургија по повод Христовото раѓање, а ја предводеше архиепископот г.г.Стефан. Пред насобраните православни верници се упати традиционалниот поздрав „Христос се роди“ со што ќе се одбележат наредните денови во кои христијаните ќе си посакуваат среќа, здравје, мир и радост.

„Да го молиме Семилостивиот Бог да нè удостои во претстојното 2016-то лето Господово, и овде во Татковината и меѓу Македонците по светот, достојно да ги одбележиме 1100-те години од упокоението на најголемиот македонски духовен великан – свети Климент Охридски, просветителот, чудотворецот и основоположникот на славната Охридска Архиепископија – патронот и закрилникот на нашата Македонска православна црква“, порача г.г.Стефан.

Оваа година исто така, ќе се одбележува и 1000-годишнината од упокоението на свети Јован Владимир, кој маченички пострадал во Преспа.

soborna bozik

„Во секој од нас да потече извор на мир и братска љубов. Господ Христос е нашата моќ, нашата помош, нашата утеха, нашата радост и нашата надеж. Тој, како Човекољубец, со благодатната сила на Својата правда, нека ја поткрепува нашата Света Црква за да истраеме по патот на вистината, да го заштитува нашиот боговерен народ и со Својот Свет Дух да ја ороси нашата македонска земја. Да ги запре омразата, поделбите и меѓусебните непријателства. Да нè умудри сите заедно вдахновено да работиме за добробитот и напредокот на нашиот народ. Да ги исполни нашите домови со љубов и изобилна радост. Да ги земе под закрила нашите училишта, да ги просвети со спасоносната светлина благочестивите учители, наставници и раководители. Да ги благослови со Своите добрини нашите ученици и младината, зашто тие се утрешниот разум и совеста на Татковината. Домовите на сиромасите да ги поткрепи и исполни со вера и трпение, а на богатите да им подари сила за чинење на добродетели и милосрдие. Милостивиот Господ да биде покрај постелата на болните, да ги заштити вдовиците и сираците и на сите ним да им подари вера и блажена утеха. Во Господа е нашата радост, нашата љубов и нашиот живот. Затоа, Нему Му се молиме да ги чува нашата Светиклиментова Црква, слободата и независноста на нашата Татковина“, се наведува во посланието.

На свечената литургија присуствуваше и државниот врв.