Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБожиќ одбележан во Католичката црква

Божиќ одбележан во Католичката црква

Верниците од Католичка вероисповед кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат раѓањето христово Божиќ.

Традиционално, централната прослава, Божиќната полноќна литургија се одржа во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, на која присуствуваа претседателот Иванов, претседателот на Собранието, Вељаноски и претседателот на владата Груевски со сопругите, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Божиновска.

Божјата скромност е силна порака на денешниот раскошен и заробен човек, и затоа да се отвориме кон милосрдието и да им подадеме рака на сиромашните и гладните, порача скопскиот бискуп и апостолски егзарх во земјава, Киро Стојанов.